Ковачевски во Прага: Потврда на француската поддршка

by Фокус

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, на првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага, уште еднаш ја потврди француската поддршка на евроинтегративниот процес на Северна Македонија, објави премиерот Димитар Ковачевски на неговиот фејсбук профил.

„Денешниот ден означува почеток на поинтензивна соработка на ниво на Европа како континент, но и пошироко“, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Тој ја предводи владината делегација, во чиј состав се и министеритре за надворешни работи и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Бујар Османи и Љупчо Николовски, што денеска во Прага на покана на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и чешкиот премиер Петр Фиала учествува на првиот состанок на Европската политичка заедница.

Поврзани новости