Коцијанчич: Македонските власти треба да преземат одговорност

by Фокус

Македонските власти да преземат одговорност во интерес на државата и на граѓаните, а Европската комисија одблизу ја следи ситуацијата во Македонија, особено по вчерашните настани и тоа што се случуваше во изминатите денови, рече портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.

– Особено е важно да преземат одговорност. Ние сме во постојан контакт со нив и нашата позиција е особено јасна. Не е точно дека во Скопје нема лице кое ги претставува интересите на ЕУ. Имаме Делегација на ЕУ во Скопје, која е многу присутна, активна и инволвирана. Ние сме активни и во Скопје, како и во Брисел – рече Коцијанчич и повтори дека лидерите на политичките партии треба да се вратат на преговарачката маса и да најдат решение – истакна Коцијанчич.

 

Поврзани новости