Државниот обвинител Љупчо Коцевски одржа прес-конференција на која објави што утврдил увидот во дискотеката која што изгоре заедно со уште 59 луѓе во неа. Тој рече дека во објектот било увидено дека нема хидрантска мрежа, недоволен број на ПП апарати, немало доволен број на врати, немало огноотпорен покрив, и дека објектот бил за лесна индустрија, а не за угостителски потреби.
„Формирав обвинителски тим, од двајца обвинители од Скопје, двајца од ОЈО Кочани и еден од Штип, со тоа што во текот на денот се укажа да се ангажира уште еден од ОЈО Штип. Се презедоа низа активности, со тоа што од страна на јавните обвинители беа издадени наредби за обдукција на починатите.
Беше наредено да се апси секое лице кое што со своето постапување или непостапување довело до настанот, и да се испита неговата улога. Има наредба за испитување на низа на предмети. Беше издаден предлог за издавање на наредби за привремено одземање на снимки од безбедносни камери на Основниот суд Кочани. Издадена наредба за одземање документација од дискотеката. Исто така наредба за претрес на дом и други простории во Кочани.
Од страна на јавните обвинители беше извршен увид на лице место, и уште не е завршен, ќе продолжи и во текот на утрешниот ден. Ќе ангажирам уште 3-5 јавни обвинители од ЈО Скопје, затоа што е сложен предмет, и ќе треба да се испитуваат уште многу работи.
Од увидот на лице место во објектот денеска, беа констатирани состојби и тоа:
-Објектот немал хидрантска мрежа ниту хидрант
-Немал доволен број на ППЕ Апарати, односно само два
-Немал доволен број на врати, туку освен влезот само една единечна импровизирана врата на задниот дел, но истата била заклучена со катанец и без квака од внатрешната страна и затворена со гипс картон
-Немало можност за пристап на ППЕ возила. Внатрешноста на објектот бил со гипс картон, но без огноотпорни својства. Немало спуштен таван со противпожарна отпорност на најмалку 30 минути. Немало систем за кочење на вратите, ниту систем за известување за пожар.
-Исто така непрописно била обложена со материјали за звучна изолација, со лесно согорливи материјали.
-Противзаконски биле користени пиротехнички материјали без соодветна дозвола, и без друштво за палење на пиротехниката.
-Бил присутен и државен инспекторат за градежништво и урбанизам. Објектот е регистриран како деловен објект за лесна индустција од 419 метри квадратни. Не е извершена пренамена во угостителски објект. И покрај тоа што за објектот нема пренамена, истиот има дозовла за работа од Министерството за економија како за угостителски објект издадена уште пред 15 години“, рече Коцевски.