Коцевски: Не протекуваат информации од ЈО, се истражува кој е „кртот“ што им помага на криминалците

by Fokus

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски вели дека не знае каде е Артан Груби, а дека „кртот“ кој ја пробил истрагата за Државна лотарија не е од обвинителството.

„Во моментов Јавното обвинителство нема податоци каде се наоѓа осомничениот Артан Груби, меѓутоа во однос на бегството можам да кажам дека од страна на ЈО имаше до сите царински органи ставено СТОП мерка што значи дека тоа беше неколку денови пред неговото излегување од државата. Од она што го слушнавме од министерот се работи за човечки фактор и начинот на кој што поминал го истражува МВР, со тоа што против надлежниот службеник и некои други лица доставена е кривична пријава до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и се постапува по истата. Се преземаат процесни дејствија за тоа кој се евентуално се пропустите“ вели Коцевски во интервју за Радио Слободна Европа.

На прашањето од каде излегуваат информациите, со голед дека голем број на осомничени се недостапни на органите за прогон, републичкиот јавен обвинител гарантира дека од страна на Јавното обвинителство не протекуваат информации.

„Во тој поглед јас како државен обвинител можам да ви гарантирам дека од страна на ЈО не протекуваат никакви информации за тоа што тие предистраги, тие мерки за следење со месеци биле активни и претходно и ниедна не пробила. Акцијата е пробиена во завршна фаза односно ден два пред да се преземе официјално акцијата. Токму и на таа околност ЈО и сега истражува да дознае „кој е кртот“ на пробивање на акцијата, меѓутоа ете успеа два дена пред планираното да спроведе акција и дел од осомничените да ги уапси“ рече Коцевски.

Поврзани новости