Коцевски на средба со Декер

by Fokus

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија – Љупчо Коцевски денеска се сретна со заменик амбасадорот на Кралството Холандија во нашата земја Роберт Декер со кого разговараше за приоритетите и предизвиците во работата на јавните обвинителства.

Како што информираат од Обвинителство, Коцевски особено се осврнал на процесот на дигитализација и подготовка на новиот систем за управување со предметите во Јавното обвинителство, како и планираните активности за јакнење на транспарентноста на институцијата и на интегритетот на јавните обвинители, како области кои Кралството Холандија веќе ги поддржува со свои активности.

„Свесни сме за својата улога и навистина сме подготвени да работиме многу и посветено, меѓутоа ќе бараме и ваша поддршка во насока на тоа да ни се даде вистинското место во системот и да ни се овозможат сите услови за работа со цел да можеме да испорачаме резултати“, рекол Коцевски на средбата.

Тој ги запознал предизвиците со кои се соочува Обвинителството од материјален, кадровски и законски аспект.

Заменик-амбасадорот Декер истакна дека Холандија континуирано дава поддршка и се залага за обезбедување на соодветни ресурси за правосудството, вклучително и јавното обвинителство, а ќе продолжи да ја испраќа таа порака и во иднина, информираат од Обвинителство.

Поврзани новости