Коцевски: Гарантирам брза истрага, ги утврдуваме причините и одговорноста за пожарот

by Fokus

Државниот обвинител Љупчо Коцевски гарантира брза и темелна истрага по ужасниот пожар во која загинаа над 50 луѓе. Тој објасни дека увидот е во тек и дека ќе се утврдат причините и одговорноста за пожарот.

Коцевски не можеше да потврди дали се точни информациите дека во моментот на пожарот во објектот имало од 1.500 до 1.700 лица.

„На семејствата на загинатите во пожарот им изразувам најдлабоко сочувство. Можам да им гарантирам дека Обвинителството ќе спроведе брза истрага, ќе ангажираме вештаци од сите области, така што ќе ги видиме и причините и одговорноста, рече Коцевски од Кочани.

Тој додаде дека се преземааат сите истражни дејствија и дека допрва ќе се утврдуваат причините.

„Првични сознанија ќе имаме штом ќе заврши увидот, ќе се соберат доказите и ќе се сослушаат лицата. Увидот нема рок и ќе трае сè додека биде завршен – рече Коцевски.

Во моментот на разговор се повеќе лица и се сослушуваат. Преземени се мерки да не избегаат.

На новинарско прашање дека министерот за внатрешни работи Панче Тошкоски рече дека пожарот настанал од протехнички средства, Коцевски рече дека првичните сознанија се такви, но во овој момент не може ништо повеќе да каже затоа што се врши увидот на лице место.

На предметот работат 5 јавни обвинители, но ЈО ќе се вклучи со целиот капацитет.

Поврзани новости