Коце Трајановски ги убедува центарци да им стави нова фасада

by Фокус

fasadaГрадоначалникот на Скопје, Коце Трајановски денеска со писмо ги убедувал центарци коишто живеат на улица „Македонија“, веднаш до Спомен куќата на Мајка Тереза дека имаат 10 дена да се предомислат и да му дозволат на градот да им направи нова предна фасада.

Како што пишува во писмото пратено до станарите поголем број од жителите на оваа зграда не сакале нова фасада од Градот Скопје и затоа Трајановски им пишал:

– Важно е уште еднаш да размислите и во рок од 10 дена да нѐ известите и да ни дадете согласност од мнозинството на станари и со тоа да може да ја реконструираме вашата фасада – пишува Трајановски и дополнува дека ако сега не му дадат согласност, во иднина, доколку се предомислат Градот Скопје не може да гарантира дека ќе има пари за нивната фасада бидејќи средствата ќе се пренаменат за други објекти.

Жителите на оваа зграда не сакаат Градот Скопје да им направи предна фасада бидејќи никој не им објаснил во детали каква фасада ќе добијат. Тие итно бараат средба со градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.

–  Еве шанса за опозицијата предовдена од СДСМ, градоначалникот на Општина Центар, да им помогнат на станарите да се спротистават на лудилото и наместо евтина барокна фасада од стиропор да добиеме енергетски-ефикасна модерна фасада – велат центарци.

Тие велат дека сѐ што добиле од Градот Скопје во врска со фасадата е оваа скица.

skica

Поврзани новости