608
Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски вчера конечно ги расчисти дилемите дали бил или не бил на летување во Шпанија и тоа во апартман со француски лежај и дали ручал од шведска маса.
– Значи, не станува збор дека сум летувал, дека сум одмарал или нешто слично. Вие многу добро знаете дека ветивме Шпански скали на скопскиот плоштад, па јас тркнав до Шпанија да ги побарам. За жал не ги најдов. Сепак, граѓаните не треба да очајуваат ќе туриме Шпански лифт, ист како оној во хотелот во кој престојуваав за време на работната посета – изјави Трајановски.