Коце Трајановски ветува проширување на Пластичарска улица

by fokus

Актуелниот градоначалник на Скопје и кандидат за трет мандат, Коце Трајановси, во својата изборна програма предвидува реконструкција и проширување на улицата „Никола Карев“ попозната како улица Пластичарска.

– Улицата „Никола Карев“ е тесно сообраќајно грло во Скопје каде се создаваат голем сообраќаен метеж. Со овој проект е предвидено реконструкција и проширување на постојаниот коловоз во должина од 1200 метри, поточно на потег од клучката кај Бит пазар па се до крстосницата кај амбасадата на САД во Република Македонија. Со реализацијата на овој проект ќе се добие ново сообраќајно решение со 4 коловозни ленти, нови пешачки и велосипедски патеки, а ќе се реконструира и атмосферската и фекалната канализација – изјави Трајановски.

Тој додаде дека ова е само дел од големиот број на нови капитални инфраструктурни проекти коишто се предвидени во изборната програма да се реализираат на територијата на општината Чаир, а како најважни ги издвои реконструкциите на улиците Македонско-косовска бригада, Ферид Мурати, Лазо Трповски, довршување на реконструкцијата на улицата Втора Македонска бригада и многу други.

Поврзани новости