Скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска најави дека доколку биде реизбран за градоначалник ќе изгради нова улица која треба да ги поврзе скопските општини Аеродром и Кисела Вода, вредна еден милион евра.
-Сакаме да ја промовираме новата улица Есенинова која ќе биде ново поврзување на општина Аеродром со општина Кисела Вода. Поврзувањето ќе биде во делот на новата Железничка станица, односно во делот на Трета македонска бригада, помеѓу Тутунски комбинат и насипот на новата железничка пруга, покрај објектот на Адора, па ќе излеземе на булеварот Борис Трајковски кај Алфа банка – рече Трајановски.
Тој најавува изграбна на нови улици откако не го резлизираше проектот за изградба на подземна сообраќајница во Скопје, што го вети на локалните избори во 2009 година.