Кандидатката за градоначалничка на општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ, Наташа Котлар не ја прифатила поканата од советниците на независната листа „Шанса за Центар“, бидејќи како што вели, таа не е советник и се уште е во кампања. Смета дека на таа средба, односно дебата, треба да присуствуваат избраните советници.
Во соочувањето на ТВ 24 таа вели дека секако дека е отворена за соработка со советниците од оваа листа во деловите во кои програмите им се поклопуваат.
Нејзиниот противкандидат од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски ја прифатил поканата за средба.
-Ќе учествувам на дебатата заедно со дел од советничката листа, ќе дискутираме за проекти и програми и да се договориме за проекти кои ќе ги реалзираиме заедно во четиригодишниот мандат, рече Герасимовски.