525
Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на денешната прес конференција, истакна дека за оставката на директорот на истражниот затвор „Скопје“, ќе се дебатира по претседателските избори.
„Оставката на директорот на истражниот затвор „Скопје“, Ѓоко Котевски е нотирата до Владата, но според сите законски прописи, истата ќе биде разгледувана по претседателските избори. Управата за санкции го процесира тој извештај. Оставката е чин на морална одговорност и не гледам проблем дека е сега поднесена.“, истакна Бошњаковски.