ВМРО-ДПМНЕ ќе достави листи за кандидати за пратеници, изјави за Прес 24 директорот на партискиот Центар за комуникации Иво Котески.
– Извршниот и Централниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ доцна синоќа заклучија дека нема поголем приоритет од почитување на Уставот и законите на Република Македонија и членовите на овие две тела одлучија партијата денеска до Државната изборна комисија да достави листи на кандидати за предвремените Парламентарни избори закажани за 5 јуни. ИК и ЦК го утврдија составот на листите и по завршување на сите формалности, во законски предвидениот рок, истите ќе бидат предадени во ДИК – вели Котески.
Тој додава дека партиски органи истовремено одлучиле и да го поддржат учеството на преговарачкиот тим на ВМРО ДПМНЕ во процесот на изнаоѓање излез од кризата во којашто, според него, СДСМ ја втурна државата.