738
Новиот градоначалник на Бутел, Дарко Костовски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека по првичните анализи на работата на претходникот откриено е дека 40-ина луѓе биле вработени во општината и добивале плата, иако не доаѓале на работа.
-Имало и обид за прикривање на овие вработувања. Во овие фиктивни вработувања имало и луѓе ангажирани за одржување на хигиена по договор на дело, од кои некои не доаѓале на работа, но имало и 20-ина вработени во администрација на општината, а договорот им истекува во ноември, рече Костовски.