Бизнисменот и поранешен градоначалник на Град Скопје, Трифун Костовски, се сомнева во законитоста на договорот што Владата го потпиша со турско-американскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите. Според Костовски јавноста има право да има увид во овој договор. Тој рече дека го познава основачот на Енка, додека за Бехтел има резерви.
-Имам симпатии затоа што таткото на таа фирма е познат мој пријател и почесен граѓанин на Скопје поради што се надевам дека неговите синови кои денеска ја водат таа фирма се чесни. Бехтел нема таква репутација, што е најболно за мене. Но не можам да бидат согласен дека ова што нас ни се сервира, договое меѓу приватњн конзорциум и држава да не биде јавен. Јавноста треба да нема увид е стравотно, понижување. Оваа капитална инвестиција не ја плаќаат Ковачевски и Груби, туку ние овде што седиме. Мора да знаеме што има во тој договор – рече Костовски во дебатата Само вистина на Канал 5.
Според него спорно е тоа што договорот се прави во четири очи, како што рече, со што е прекршен законот за набавки.