Костовски: Таа плата од 500 евра треба да се заработи, да се вложи во ум и потенцијал!

by fokus

Бизнисменот и поранешен градоначалник на Скопје, Трифун Костовски во синоќешното гостување на „24 анализа“, порача дека претстојните претседателски избори ќе влијаат врз економијата на Македонија.

„Сведоци сме на сите изборни циклуси кои се одвивале. Како и да е, секојпат економијата беше таа што го плаќаше дебелиот цех. Ситуацијата во економијата не е воопшто розова. Говориме за просечна плата од 500 евра, а таа плата треба да се заработи. Треба многу да се вложи во ум, напори и да се инвестира во нешто што се вика потенцијал“, вели Костовски.

Поврзани новости