721
Бизнисменот Трифун Костовски вели дека денеска, кога го славел својот именден, добил „честитка“ дека неговиот имот и натаму останува замрзнат.
-Основен Кривичен суд-Одделение за организиран криминал и корупција, претседател Иван Џолев
Основно Јавно Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, обвинител Љубомир Јовески.
Денеска, 14 Февруари 2022, го чествувам сопствениот именден Свети Трифун и ја добив честитката со која што и натаму мојот личен имот е замрзнат. Отворено ги прашувам претседателот Џолев и обвинителот Јовески: Дали чувствувате срам?
На горенаведените институции и нивните претседатели им порачувам тука сум и нема да ме скршите, напиша Костовски на фејсбук.