Костовски: Не може да има докази затоа што нема криминал, ова не е правда туку политика

by fokus

„Не може да има докази затоа што нема криминал. Се е една голема конструкција и политичка хајка. Ниту еден од лицата кои се политичка цел на СЈО не остварил ниту денар против правна имотна корист. Тие се цел на Заев и СЈО само затоа што реализирајќи проекти од полза на граѓаните, наводно имале политичка корист. Ова не е право и правда, ниту има каква било допирна точка со правото и правдата. Ова е политика“, изјави пред СЈО, Дарко Костовски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Косотвски вели дека СЈО е инструмент во рацете на СДС за притисок врз ВМРО-ДПМНЕ и дека целта на неговото постоење е креирање на материјал за оцрнување на ВМРО од страна на медиумите под контрола на СДС.

Тој оцени дека прес-конференциите на СЈО биле идентични со партиските пресови на Зоран Заев, чиј наратив во целост го презеле.

 

Поврзани новости