Трифун Костовски, претседател на Здружението за општествено економски просперитет ЧОВЕКОТ ПРЕД СЕ со отворени писма денеска им се обрати на пратениците Илија Димовски од ВМРО – ДПМНЕ и на Петре Шилегов од СДСМ.
Во продолжение ви ги пренесуваме двете писма до пратениците.
Отвореното писмо до Илија Димовски:
„Господине,
Ние сме сограѓани, вие по место на раѓање и живеење, а јас како почесен. Многу добро ви се познати критериумите за да се добие таквиот статус на почесен граѓанин во еден град. За прв и последен пат ви укажувам, јас сум Македонец и за мене, кој било Македонец, на која било точка на земјината топка, е мој Македонец. Не импутирајте нешто кое не постои во моето дејствување и карактер и не ја негирајте љубовта кон мојот народ. Потекнувате од градот на врвни македонски дејци, а со вашето однесување, му го сквернавите името, запишано со големи букви, ВЕЛЕС. Лично не ве познавам, ниту пак имам желба да ве запознаам. За вас, кои се сметате за високи интелектуалци, местото не ви е во пратеничка, туку во магарешка клупа“, пишува Костовски.
Отворено писмо до Петре Шилегов
Господине,