596
Мартин Костовски од СДСМ вечерва во гостувањето на телевизија 24 рече дека го поздравува прифаќањето на уставните измени од страна на Христијан Мицкоски, иако од ВМРО-ДПМНЕ негираат дека тие ги прифатиле измените.
– Бевме заложници изминатата година на сето она што беше бугаризација и ширење на хистерија кај народот и опозицијата конечно сфати. Многу пати слушаме во нивните изјави дка го црпеле мислењето врз основа на расположението на народот. Така го креира и СДСМ, преку остварување на стратешките цели, влез во НАТО и членство во ЕУ. Како сериозен партнер во заедничкиот процес, верувам дека првиот чекор е направен. Го охрабрувам Мицкоски да го направи овој историски чекор, рече Костовски.