Организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски, на својот фејсбук-профил објави порака „Пумпај“, слоган што секојдневно се користи на студентските протести во Србија. На тој начин, Костовски им изрази поддршка на студентите пред денешните големи протести во Белград, бидејќи зборот „пумпај“ одекнуваше на сите досегашни протести во Србија.
По оваа фб-објава на Костовски, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ направи принтскрин од статусот и го сподели, со коментар: „Напумпамо ве на избори. Да не сакате и неко друго пумпање? Затвори чекав…“.
Оваа реакција на Стоиљковиќ ја осудија од СДСМ, од каде соопштија:
„СДСМ најостро ги осудува шокантните навреди од вицепремиерот на Мицкоски, Иван Стоилковиќ кон организациоскиот секретар на СДСМ, Мартин Костовоски на Фејсбук. Пораката кон Мартин Костовоски од страна на Стоилковиќ и прашање дали сакал да го „напумпа“, е скандал и демонстрација на врвен простотилук од страна на високиот владин функционер. Ова ниско ниво на комуникација и закани на вицепремиерот е доказ за безобразието и злобата на претствниците на власта која се демонстрира кон опозцијата“.
СДСМ бара оставка од Стоилковиќ.