Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, порача дека деца од Радишани и Бутел веќе извесен период се, како што рече, жртви на напади кога се враќаат кон дома од центарот на Скопје со автобусот број 57 на ЈСП. Тој преку социјалните мрежи побара реакција од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Оставив неколку дена се со цел да не предизвикам дополнителна паника. Но после вчерашниот случај кој е дел од низа случаи насилство во автобусот 57-ца, каде веќе извесен период особено во последниов месец на територија на општина Чаир се напаѓаат деца од Радишани и Бутел враќајки се дома од центарот на градот. Чашата е прелиена“, истакна Костовски.
Тој најавува дека за неколку дена ќе организира тркалезна маса на која ќе ги повика челниците на МВР, лидерите на верските заедници и претставници на загрижените родители, со цел од блиску да ја следат ситуацијата и да превенираат додека не е доцна.