„Ако некој прави тензии во поглед на прикривање на некакви криминали тоа се добро познатите дечки од ДПМНЕ. Тоа се добро познатите партнери БЕСА и Левица“, изјави пратеникот од редовите на СДСМ Мартин Костовски го неговото гостување на емисијата „Само вистина“ на Канал 5.
Тој го праша соговорникот Левков дали неговата партија и коалициониот партнер во Тетово прикриваат кога нема вода во општина Тетово.
„Потоа давате решение за рушење на крстот на Попова Шапка. А таа слика на Попова Шапка ја гледаме никогаш поубава. Тој дополнително го праша соговорникот дали тие и нивниот потенцијален коалиционен партнер прикриваат нешто кога БЕСА, Алтернатива и Огнените од ДУИ вијат знамиња на Голема Албанија.
„Стево Пендаровски излезе со осуда, Димитар Ковачевски излезе со осуда. Не се сеќавам дека Мицкоски излезе со осуда. Да не го навреди Касами, или има некој друг?“, потенцираше Костовски.Тој додаде дека тој како член на СДСМ ја осудува случката во Сопот со картата на Голема Албанија. „За нас социјалдемократите важат мапите на Европска Унија, мапите на НАТО и на обединети среќни балкански народи“, заклучи Костовски