Костова: Мицкоски е директен соучесник во покачувањето на цените

by Фокус

Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, во емисијата „Трилинг” истакна дека премиерот Христијан Мицкоски е директен соучесник во покачувањето на цените во изминатиот период.

-Кукавички беше и самото тоа што тој им даде предност на сопствениците на трговските синџири во трката кон „новогодишната кошничка”. Знаеме дека тие мерки беа најавени еден месец дена пред нивното ефектуирање и нивното почнување, а во тој меѓувремен период Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не направија ништо за да ги спречат вртоглавите растови на цените во периодот од најавата до почетокот на новогодишната кошничка – истакна Костова, додавајќи дека на крајот цените по 15 декември и покрај тоа што беше во сила новогодишната кошничка беа повисоки од цените на истите тие производи во периодот кога таа новогодишна кошничка беше најавена.

- Advertisements -

Таа нагласи дека Мицкоски немаше само обврска да ја најави мерката и да ги остави трговските синџири да постапуваат онака како што сакаат и е впрочем одговорен што ги доведе грѓаните до дереџе сами да мора да се организираат и да покажат бунт.

-Прилично е лицемерно Мицкоски сега да го кажува дека го поддржува бојкотот. Мицкоски и ДПМНЕ имаа можност да спроведат квалитетни економски решенија и доколку ги немаат како идеја ние им ги понудивме но тие ги одбија – истакна потпретседателката на СДСМ.

Поврзани новости