Костова: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не ги решаваат проблемите, туку создаваат нови

by Fokus

На претстојните локални избори, СДСМ на граѓаните ќе им понуди одржливи и реални решенија за нивните проблеми, порача во интервју за „Рацин.мк“ потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова.

Костова порача дека во изминативе три и пол години граѓаните можеле да видат дека кај градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ нема никаква визија за иднината.

„Она што го видовме во изминативе три и пол години е дека градоначалниците од редовите на ДПМНЕ го задржале оној, за нив препознатлив, козметички пристап кон водењето на локалната власт. Помпезно ги парадираат ситните интервенции и завршувањето на сервисни, ремонтни и тековни активности, додека не покажуваат никаква визија за насоките во кои нивните општини треба да се движат во деценииве кои доаѓаат. Не реализирале ниту еден проект значаен за генерациите кои доаѓаат, а во најголем дел од градовите со огромна брзина одобрија претворање во сива, бетонска зона и кревање станбени згради без усул и план, што, пак, придонесува кон вештачко кревање на цените на станбените објекти. Наместо да ги решаваат постоечките проблеми, тие создаваат нови. Градовите се под опсада на градежната мафија, која е во изразена присност со дпмневските челници, сообраќајот во поголемите градови е хаотичен, особено во централните градски подрачја“ порача Костова.

Во средиштето на нашата понуда, додаде таа ќе бидат решенијата за проблемите, како и поставување визија за развој на општините во која секој граѓанин ќе може да се пронајде.

Поврзани новости