Српскиот бренд „Bonatti“ ја лансираше својата трендовска линија на костими за капење за лето 2019 во продавниците низ Македонија. Летната колекција доаѓа во бои и форми кои ќе бидат апсолутен тренд оваа сезона, како за жените така и за мажите. Колекцијата е со колорит на тиркизни тонови, преку беж-зелени принтови проткаени со златнидетали до јако црвени бои, како и вечните класични модели од црно-бели и морнарски комбинации.
„Bonatti“ во Македонија на своите купувачи им овозможува попуст од 30 отсто на одредени модели на дел од новата колекција костими за капење и програма за плажа во нашите продавници во Скопје, Куманово, Охрид, како и преку нашата он-лајн продавница www.bonatti.mk. За нашите верни потрошувачи долната облека ја имаме и на намаление до 50 отсто, така што имаме вистински сезонски попуст“ потенцира Драган Ангеловски, генерален менаџер за „Bonatt“ во Македонија.
.Кампањата за ова лето се снимаше на бел песок и тиркизно сино море крај Индискиот Океан, на Малдивите, за која беа ангажирани познатите српски модели Бојана Крсмановиќ и Алекса Гавриловиќ, во продукција на Слбодан Пикула и асистентот Игор Павлковиќ. За стајлингот се погргижи Жељко Милосављевиќ а за шминката и фризурата Александар Џикиќ – Џиле. Целиот асортиман на колекцијата можете да го погледнете на линкот hSps://bonatti.mk/online-shop/15.html
Повеќе од деценија, „Bonatti“е препознатлив бренд по употребата на пријатни материјали, пристапни цени, модерни и квалитетни модели на долна облека, програм за спиење и за на плажа. Започнале во Србија а денеска имаат продавници во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Словенија, Швајцарија, Шведска, Бугарија, Унгарија, Италија и Грција.