579
Поранешниот италијански репрезентативец Алесандро Костакурта е навреден од однесувањето на сопругата на Мауро Икарди, Ванда Нара.
Таа изјави дека нејзиниот сопруг нема да игра за Интер се додека не добие извинување од клубот и додека на му биде вратена капитенската лента.
Подоцна Нара појасни дека не изјавила такво нешто.
– Ако мојата сопруга рече такви работи, би ѝ рекол да ја напушти куќата. Таа покажа големо непочитување на соиграчите на Икарди, изјави Костакурта.
Ванда Нара покрај тоа што е сопруга на Икарди, таа е и негов агент, па советите кон својот клиент може да се разберат дека се дадени службено, а не во улога на сопруга.