Костадиновска-Стојчевска за „Охридско лето“: Одлична музичка и драмска програма

by Фокус

Заврши уште едно „Охридско лето“, кое и годинава донесе одлична музичка и драмска програма, уште едно успешно фестивалско издание што го зацврсти Охрид на светската мапа на културни настани од особено значење, напиша министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

„Бев почестена што можев да присуствувам на повеќе изведби кои ги истакнаа културниот и духовниот континуитет на фестивалот, чие отворање го обележи настапот на оперската дива, сопранистката Ангела Георгиу, придружувана од Оркестарот на НОБ.

Раскошно распослано по грандиозниот Антички театар, акустичниот амбиент на црквата „Света Софија“, Долни Сарај – една од најубавите сцени во градот, но и на други места, годинашното „Охридско лето“ и Охрид беа домаќини на врвни домашни и светски уметнички имиња, актери, театарски работници, солисти, хористи, музичари…“, напиша таа.

Поврзани новости