Костадиновска-Стојчевска: За јазикот, културата и идентитетот нема компромиси

by Fokus

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница, на која беше изгласан новиот Закон за употребата на македонскиот јазик, порача дека чувајќи го македонскиот јазик, ја зацврстуваме државноста и темелот на нашиот идентитет.

„Денеска правиме вистински потфат во унапредувањето на јазикот и зацврстување на македонскиот идентитет. Односот спрема јазикотпретставува детектор кој јасно ги покажува нашитенамери и на сите оние што учествуваа во транспарентнатапостапка на неговото изготвување. И на јазикот се кршеа копја и се водеше политикантство, но покажавме дека со јазикот, културата и македонскиот идентитет нема компромиси“, рече таа.

Министерката Костадиновска-Стојчевска објасни дека со изгласувањето на овој закон, добиваме нов и современ закон за македонскиот идентитет и култура, но и закон кој е пример како треба да се изработува еден правен акт кој е од заеднички интерес, а тоа е со широка јавна дискусија и соработка на сите засегнати страни.

Објасни пред пратениците дека стариот Закон, од 1998 година, кој претрпе само некои незначителни измени со текот на годините, ја изврши својата првична функција, но сè повеќе се забележуваше непочитување на законските мерки и негрижа за македонскиот јазик.

„Постојат интелектуалци кои со својата работа потврдуваат дека македонскиот јазик не е загрозена категорија, тој е жив и почитуван. Наша е обврската, како политичари, како пратеници, да го поддржиме, да го унапредуваме, да го промовираме и да го афирмираме“, додаде таа.

Поврзани новости