Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во вечерашната Клан дебата рече дека на конгресот во сабота ќе се утврдат конечните листи на СДСМ во сите шест изборни единици. Кандидатите за пратеници според Стојчевска поминуваат низ определен филтер во општинските организации.
„Се залагаме за подеднаква застапеност на листите на жените, носител и коносител, принцип машко-женско. Учеството на листи не е пресудно за нашето учество во изборниот процес во промовирањето на изборната програма. Ние важиме за партија каде имаме високо ниво на демократија. Како политичка партија секогаш кога сме биле на власт се покажало дека треба да ги носиме најтешките одлуки што се одразувало и на партискиот рејтинг. Но, сепак убедени сме дека граѓаните ќе ни ја дадат повторно довербата“, вели Костадиновска-Стојчевска.
Таа го обвини ВМРО-ДПМНЕ за правење хаос и паника од сите процеси во државата.
„Ние се залагаме за полноправно членство во ЕУ, додека ВМРО ДПМНЕ постојано прави паника, креира хаос од процеси кои треба да се менаџираат. Министерот за труд и социјална политика, Велковски воопшто не доаѓа на Влада, туку се втурна во процес кој е карактеристичен за нив и обвинува без аргументи. Ние имавме на секои две и пол години избори и имаше злоупотреби на јавната администрација. Тоа не смееме да го дозволиме“ – потенцираше Костадиновска-Стојчевска.