Костадиновска-Стојчевска: Се уште има време да се затвори прашањето за изборите

by Fokus

Потпретседателката на СДСМ и министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вечерва изјави дека се уште има време за да се затвори прашањето дали претседателските и парламентарните избори ќе се одржат истовремено или ќе бидат одвоени.

Одлуката, како што изјави Костадиновска-Стојчевска, треба да ја донесат сите коалициони партнери.

– Има уште време до крајот на годината да го заклучиме тоа прашање. Во овој момент секоја партија одлучува во рамки на своите партиски органи. Како партија којашто е водечка во коалицијата, разговараме и имаме секојдневна комуникација со сите коалициони партнери така што се уште е рано да се каже кој ќе биде крајниот исход. Се уште не сме започнале со преговори со опозицијата.

Како СДСМ ќе ги земеме предвид сите аспекти кога ќе се одлучува дали тоа ќе бидат избори во еден ден или одделни избори, но мора сите коалициони партнери да донесеме заедничка одлука, рече Костадиновска-Стојчевска за дневникот на телевизија „Сител“.

Поврзани новости