Костадиновска Стојчевска: Одговороност за променетото име на државата под имињата на лауреатите

by Fokus

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска рече дека побарала од одговорните на официјалната интернет страница на Струшките вечери на поезијата итно да направат корекција  на проемнетото има на државата под имињата на македонските поети кои наградата „Браќа Миладиновци“ ја добиле пред 2019 година, кога беше сменето името на Република Македонија.  Таа во објава на ФБ пишува дека побарала и одговорност од директорот на фестивалот.

Нејзината објава доаѓа по бројни реакции во јавноста за овој пропуст.

„Променетиот назив на државата под имињата на македонските лауреати, на официјалната веб страница на Струшките вечери на поезијата, е пропуст кој предизвика оправдани реакции. Венценосците Блаже Конески и Матеја Матевски, како и бројни поети, добитници на наградата „Браќа Миладиновци“, станаа носители на овие врвни признанија во периодот пред 2019 година. Организаторот морал да го има предвид овој факт“, објави на ФБ министерката за култура.

Во објавата понатаму стои:

„Го повикав директорот на СВП, Тодорче Тасевски, како прв човек на оваа престижна поетска манифестација од светски ранг, да понесе целосна одговорност за овој занемарен факт. Од одговорните за веб страницата на Фестивалот побарав да се изврши итна корекција на внесените податоци со достојна почит кон великаните на македонската култура“..

Поврзани новости