Костадиновска-Стојчевска: Ние Македонците го вреднуваме мајчиниот јазик како културно наследство!

by Fokus

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска беше во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Таа изрази уверување дека денес, кога македонскиот јазик е рамноправен и во комуникацијата во Европската Унија, треба да работиме посветено за да му обезбедиме долговечност на нашиот мајчин, македонски јазик.

„Македонскиот јазик е нашиот идентитет, темелот и срцето на нашата нација. Имаме должност да го негуваме, да го заштитиме како наше најголемо духовно и културно наследство. Чествувањето на овој ден, кој е посветен на лингвистичката и културната разновидност и мултилингвизмот, е уште една можност да потсетиме на важноста на нашиот јазик, но и на македонската култура воопшто. Ние, Македонците, нашиот мајчин јазик го вреднуваме како културно наследство, кое ниту се одзема ниту се дава ниту се подарува“, истакна Костадиновска-Стојчевска.

Поврзани новости