Костадиновска-Стојчевска: Младите да ги воведеме во приказната за солидарноста која го изгради Скопје

by Fokus

„Целта на настанот што ќе се случува во Музејот на Град Скопје, ‘Зборувај за Скопје’ е да се спојат генерациите, за и младите генерации да добијат едно чувство за тоа како се градел градот повторно“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во утринската програма на тв Сител.

Таа додаде дека со повеќе мултимедијални проекции, со учество на разни музички ѕвезди, уметници ќе се направи токму тој спој на генерациите.

„Многу е важно младите генерации да ги воведеме во таа приказна на солидарност пред се, на помагање на едни на други“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката исто така ја потенцираше и изложбата во Музејот на современа уметност каде што е претставена историјата, приказната за тоа што се случувало во моментот кога се случил земјотресот, како било Скопје пред тоа, какво било Скопје разурнато, па како Скопје потоа полека се градело.

Поврзани новости