Костадиновска-Стојчевска: Изборите ќе бидат успешни

by Fokus

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на Фејсбук напиша дека изборите ќе бидат успешни и дека техничката Влада е подготвена да го овозможи тоа.

– Новиот состав на Владата продолжува со работа на зацртаните приоритети и цели. Во следните 100 дена имаме голема одговорност и обврска да спроведеме слободни, фер и демократски избори, за да не оставиме простор за сомнеж, ниту пак причина да се фрли дамка на изборниот резултат. И подготвени сме за тоа, пишува министерката.

Според неа, учеството на сите партии во техничката Влада и меѓусебната соработка е гаранција дека заеднички ќе работат во организирањето на изборите, што е во интерес на граѓаните и иднината на државата.

– Сигурна сум дека ќе имаме успешни парламентарни и претседателски избори, во демократски услови, на кои граѓаните ќе одлучат државата да продолжи напред и да го задржи својот проевропски пат. Честитки до новиот мандатар Џафери и сите членови на техничката Влада. Нека ни е успешна работата – вели Костадиновска-Стојчевска.

Поврзани новости