Костадинов: Зечевиќ е сериозен политички габарит на СДСМ

by fokus

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов вечерва повторно беше избран за член на Извршниот одбор на СДСМ за што му се заблагодари на претседателот Димитар Ковачевски.

Костадинов, исто така, нагласи дека новиот генерален секретар Миле Зечевиќ е сериозен политички габарит на СДСМ.

-Благодарност на претседателот Ковачевски за укажаната доверба. Честитки на моите другари за изборот за потпретседатели, членови на извршен и на генералниот секретар Миле Зечевиќ, несомнено еден сериозен политички габарит на СДСМ.
Борбата продолжува почивајки на принципите заради кои и ја почнавме. Обединети и единствени, напиша Костадинов на Фејсбук.

Поврзани новости