Костадинов: Време е за простување, ама не е време за оставка на Заев

by fokus

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, на својот Фејсбук профил вечерва истакна дека треба да го остават премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, да го прави најдоброто што тој го знае и дека не е време за оставка.

-Моето политичко патешествие започна со Зоран Заев, пред 15 години, во огромен одлуките сме се согласувале. Еве доаѓаат моменти кога не можам да се согласам со него. Големите цели ги постигнавме, на многу едноставен начин без притисоци, без репресии, без уцени, од режим, вративме слобода, од регрес, воспоставивме прогрес…Време е кога треба да го оставиме Зоран Заев, да биде тоа што е, таков каков што е, да го прави тоа што најдобро го знае, растеретен од товарот на кој кому бил поблизок или подалечен, време е за апсолутно единство, време е за простување, време е за нови победи онака како што ние знаеме по струмички, ама не е време за оставка…“, пишува Костадинов.

Поврзани новости