По повикот за помирување што го испрати премиерот Зоран Заев, пратеникот од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива до Уставен суд оспоруваат член од Кривичниот законик, во обид, според него, да го амнестираат поранешниот премиер Никола Груевски, изјави пратеникот од СДСМ Дарко Костадинов.
-Иницијативата има за цел одговорноста за неправилностите во јавните набавки да се префрли врз Комисијата за јавни набавки, а со тоа Груевски и неговите соработници, да бидат ослободен од одговорност. Истовремено, се бара предметите што се водат во моментов, а се однесуваат на кривичните дела поврзани со Злоупотреба на службената положба и овластување, да бидат запрени се додека Уставниот суд не се произнесе. Ова не е ништо друго освен последен, јалов, очајнички и правно неписмен обид за амнестија на Никола Груевски и неговите соработници – изјави Костадинов.
Тој порачува дека амнестија нема да има.
-Македонија е правна држава. Законите важат и ќе важат за сите подеднакво. Никој не е и нема да биде над законите и ниту еден закон нема да се менува или укинува за некој да се спаси од одговорност. Секој кој постапувал незаконски ќе мора да одговара без разлика на неговата етничка, религиска или политичка припадност – порача тој.