За ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо тоа што денес сме 30 земја членка на НАТО и започнуваме преговори со ЕУ, затоа што не успеаја нивните намери да ја закочат иднината, истакна пратеникот од СДСМ Костадин Костадинов, во вечерашното свое обраќање на собраниската седница.
– Со многу храброст и решителност го отворивме прашањето кое со години политички субјекти се плашеа да го отворат за да не изгубат од рејтингот. Го отворивме и го затворивме тоа прашање и денес сме 30 земја членка на НАТО и започнуваме преговори со ЕУ. Тоа е нешто што ВМРО-ДПМНЕ не може да го прифати, нешто со што ВМРО-ДПМНЕ не можат да се помират, порача Костадинов.
Тој истакна дека на овие избори се судрија два концепти, едниот на коалицијата Можеме концепт кој нуди прогрес и иднина за државата и граѓаните и концептот Обнова, кој според него, се реализира внатре во ВМРО-ДПМНЕ и дека тоа е добро за државата и партијата и дека треба да истрае до крај.
Костадинов ги повика пратениците од опозицијата да дискутираат за суштинските прашња од програмата, бидејќи задржувајќи се на секундарни прашања, покажуваат дека се без аргументи.
– Нешто со што треба да се занимаваме е минималната плата, ЕУ интеграциите, јакнење на реформите во образование, обезбедување континуитет на добри економски политки, справување со здравствената криза, од здравствен, но и економски апсект, рече Костадинов.