Градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов е едно од имињата кое се споменуваат како потенцијален потпретседател на СДСМ во новиот тим на новиот лидер Димитар Ковачевски.
Костадинов на прашањето на „Фокус“ дали би прифатил таква партиска функција, не сакаше многу да коментира, само кусо одоговори дека и стои на располагање на партијата.
-Тоа ќе го одлучат Претседателот и органите и телата на СДСМ. Целосно стојам на располагање во идните процеси на мојата партија, вели Костадинов за „Фокус“.
Во однос на останатите партиски раководни функции., партискиот лидер Димитар Ковачевски пред четири дена за „Фокус“ потврди дека ќе го предложи Миле Зечевиќ за генерален секретар на СДСМ.
Официјално: Ковачевски ќе го предложи Зечевиќ за генерален секретар
К.С.Б.