Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, преку Фејсбук упати „огромна благодарност“ до Владата на Република Србија за одлуката за изземање на Северна Македонија од забраната за извоз на гас, како и „до македонската Влада, до премиерот Ковачевски и до претседателот на Република Србија, Вучиќ, што со нивните иницијативи и поддршки овозможуваат вакви регионални соработки“.
„Конкретно за Струмица, ова значи можност за обезбедување компресиран гас по поволни услови, енергенс со кој се затоплуваат круцијални општествени објекти во градот како што се градинките, училиштата, болниците, јавните установи и секако, дел од домаќинствата и фирмите.
Оваа поддршка е резултат на механизмите за помош и поддршка во кризни ситуации создадени од Отворен Балкан, иницијатива која уште еднаш покажува конкретни резултати за добробит на граѓаните“, напиша Костадинов.