970
Градоначалникот на Валандово и член на СДСМ, Перо Костадинов коментирајќи ја оставката на премиерот Зоран Заев, рече дека тој смета дека премиерот и претседател на СДСМ не треба да се повлече.
-Тоа е негов личен став. Мислам дека пред нас ќе имаме убав период, бидејќи пораката ја сфативме, да направиме и анализа и реорганизација. Периодот ќе покаже дека лекцијата е прифатена и тоа е убаво, бидејќи се менуваме. Пред пет години ние навистина живеевме под режим.
Чинот на Заев е навистина голем. Се што претходно се случувало промени во париите, биле кога биле во опозиција. Сметам дека не треба да си поднесе оставка. Тоа е мое лично мислење, но го почитувам неговиот став, рече Костадинов.