Костадинов: Силјановска била министер во првата влада, а нејзиниот сопруг терал бизнис со фри шоп

by fokus

Гордана Силјановска не само што е залутана во политиката, залепена зад деструкцијата на ВМРО-ДПМНЕ зборува против се и се што, па и против самата себе си, истакна Костадин Костадинов од СДСМ.

„Канидатката на Христијан Мицкоски ги напаѓа политиките на првата Влада во независноста, против Владата во која токму таа била министерка.

Силјановска, во времето на транзицијата била министерка а нејзиниот сопруг токму во тоа време терал бизнис со „фри шоп“.

Силјановска е пример за транзициски политичар според критериумите на нејзината ВМРО-ДПМНЕ.

Почитувани,

Секојдневно се докажува, Силјановска е нечесна и неискрена пред граѓаните, иста е како Иванов и Мицкоски.

Граѓаните нема да дозволат нечесни и неискрени личности, залутани во политиката да застанат на чело на државата.

Граѓаните на овие избори ќе изберат вистински претседател кој ќе работи во интерес на државата а не на париите, граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски за нов претседател на Република Северна Македонија“, додаде Костадинов.

Поврзани новости