Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов реагираше на обвинувањата на Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ која на прес-конференција обвини дека власта дели хуманитарни пакети во Струмица и врши изборен поткуп.
Си реков денес ќе биде ден без политика, денот кога ќе ги оставиме верниците Муслимани, но и Православните Христијани да…
Publiée par Kosta Kostadinov sur Dimanche 24 mai 2020
„Си реков денес ќе биде ден без политика, денот кога ќе ги оставиме верниците Муслимани, но и православните Христијани да стивнат од политички препукувања.
Но верувајте со ВМРО-ДПМНЕ тоа не е можно.
Кога луѓе разочарани од внатрешното лудило во нивната партија ми јавија дека кандидатката за пратеник ќе има изјава, си реков супер, ќе се издигнат конечно над партиската матрица на национализмот и ќе честитаат Рамазан Бајрам и св.Кирил и Методиј, но сведоци сме дека тоа не се случи.
Покрај сите хајки, покрај сите малтретирања на младите волонтери кои помагаат во овие тешки моменти, на оние на кои им е најпотребно, ВМРО-ДПМНЕ сега преку кандидатката за пратеник од Струмица, дополнително ја подгрева и така вжештената ситуација.
Иако на сите им е јасно, сепак јас сум должен да прашам уште еднаш.
Зошто како кандидатка за пратеник, не се вклучи во хуманитарната акција, доколку не сака да донира, можела кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ да се вклучи и да волонтира?“, се вели во објавата на Костадинов.