Последното објавено видео од италијанскиот медиум во ниеден момент не укажува на било каква вмешаност на премиерот Зоран Заев во случајот Рекет туку, повеќе е јасно дека премиерот Заев ниту директно ниту индиректно не е вмешан во овој случај, но станува јасно дека единствена цел на овие снимки е токму тој да биде дискредитиран, изјави портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.
-Премиерот Заев го пријави случајот и се бори за правда, создавајќи независни институции кои вистински се борат против криминалот и корупцијата. Сега надлежните институции мора да ја забрзаат истрагата за актуелниот случај „Рекет“, да ги лоцираат нарачателите, извршителите и помагателите. Секој мора да одговара, од прв до последен, за кого ќе се утврди било каква поврзаност, вклучително и тајкуните создадени од режимот на Никола Груевски – рече Костадинов.
Тој го праша опозицискиот лидер Христијан Мицкоски со кои две лица кои се гледаат на објавената снимка се има сретнато, дали и што примил на рака и дали се сретнал со авторот на текстовите во Будимпешта и што му дал?