773
Откако вечерва ВМРО-ДПМНЕ, Левица, ААА и БЕСА објавија дека формирале ново мнозинство во Собранието, реагираше новиот градоначалник на Струмица од СДСМ Костадин Костадинов.
„Секоја криза, нова можност! Трпение, мудрост, работа…“, напиша Костадинов на фејсбук.
Ова е прва реакција на висок функционер на СДСМ откако опозицискиот лидер Христијан Мицкоски најави дека ќе поднесат барање за недоверба на владата ако премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев не ја поднесе најавуваната оставка.