Еве ја насловната страница од интервју на Христијан Мицкоски за Вечерњи лист, пораката на Мицкоски е дека одлуката да го блокраат нашиот почеток на преговорите со ЕУ е исправна! Цела Европа, цел свет вели дека тоа е историска грешка, само Христијан Мицкоски дека „Макрон е во право кога не блокираше“, рече Костандин Костадинов портпарол на СДСМ на денешната прес конференција.
-Христијан Мицкоски е единствениот кој се радува што ЕУ направи историска грешка и не додели почеток на преговорите со ЕУ.
На сите им е јасно дека одработевме се што беше потребно, дека одлуката на ЕУ е поради внатрешни проблеми на Унијата, само Христијан Мицкоски делува против државата.
Граѓаните ќе го казнат ова антидржавно и срамно однесување на Христијан Мицкоски на 12 април.
Со таквите ставови Мицкоски уште еднаш потврди дека е заглавен во антизападната матрица на неговиот ментор Никола Груевски.
Христијан Мицкоски е единствениот кој се радува што ЕУ направи историска грешка и не додели почеток на преговорите со ЕУ.
На сите им е јасно дека одработевме се што беше потребно, дека одлуката на ЕУ е поради внатрешни проблеми на Унијата, само Христијан Мицкоски делува против државата.
Граѓаните ќе го казнат ова антидржавно и срамно однесување на Христијан Мицкоски на 12 април.
Со таквите ставови Мицкоски уште еднаш потврди дека е заглавен во антизападната матрица на неговиот ментор Никола Груевски.
Граѓаните не сакаат враќање на режимот, не сакаат враќање назад, изолација и неизвесност. Со таквата понуда Мицкоски со сигурност го очекува пораз на следните парламентарни избори.