430
Пратениците на СДСМ не го тргнале од дневен ред предлогот за покачување на платите на вицепремиерите за да гласаат против, вели портпаролот на СДСМ, Коста Костадинов.
-Пратениците на СДСМ ќе гласаат против предлогот за покачување на платите на вицепремиерите. Бенефиции ќе има исклучиво за граѓаните, функционерите имаат доволно права и бенефиции согласно закон. Барањето на Ѓорчев за симнување од дневен ред го отфрлиме, за да гласаме против предлогот, рече Костадинов.