Костадинов: Повторно нека се кандидираат претседателите на општинските организации каде победивме на изборите

by Фокус

Промените се тука, видливи и конкретни, пред очите на сите граѓани и пред целата јавност, изјави портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, откако партискиот лидер Зоран Заев ги разреши сите 78 претседатели на oпштинските огранизации на СДСМ.

-СДСМ се заблагодарува на сите досегашни претседатели за нивниот досегашен ангажман на локално ниво, како претставници на најголемата владејачка партија. Оваа одлука води единствено кон поправање, коригирање на слабите резултати во општините каде добивме јасен сигнал од граѓаните, и се разбира кон продолжување на добрата работа во општините каде граѓаните се задоволни. Затоа, ги охрабруваме оние претседатели на општинските организации каде што беше забележана победа на изборите, повторно да се кандидираат на новиот конкурс што ќе биде објавен во текот на идната недела – рече Костадинов.

Тој информира дека во недела попладне ќе се одржи седница на партискиот Централен одбор на кој ќе биде донесени дополнителни одлуки.

Поврзани новости