482
Со блокадата на Законот за одбрана, Христијан Мицковски и неговите пратеници го кршат Уставот и го загрозуваат остварувањето на нашиот сон за членството во НАТО, нагласи на денешната прес-конференција Костадин Костадинов од СДСМ. Според него, со неодговорните и лицемерни постапки ВМРО-ДПМНЕ создава ризик да се испровоцира ново вето од Грција.
-На Мицковски и на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ им пречи уставното име Република Северна Македонија кога државата треба да стане 30 членка на НАТО, но не им пречи кога во Европската народна партија, се впишани како партија од Република Северна Македонија. Им пречи уставното име дома, а не им пречи уставното име и преспанскиот договор надвор при службени посети и средби – рече Костадинов.